Нови ЕКО кредити за енергетска ефикасност

Bez autora
Mar 13 2011

Со цел подобрување на енергетската ефикасност, ИК Банка ја прошири својата програма за финансирање со уште еден исклучително поволен ЕКО производ што дополнително ќе им помогне на македонските домаќинства, микро и мали претпријатија да ги намалат трошоците и потрошувачката на енергија и воедно да го намалат исфрлањето на јаглероден диоксид. ЕКО кредитот е наменет за финансирање на проекти за подобрување на животните услови преку промена на топлинска изолација, врати и прозори, нови системи за греење т.е. замена на стари бојлери, соларно-термички системи за топла вода, спроведување на топлина преку нови електрични пумпи на системи за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување, поставување на соларни панели, како и конверзија на природен гас и други обновливите извори за користење на енергија.

Нови ЕКО кредити за енергетска ефикасностСо цел подобрување на енергетската ефикасност, ИК Банка ја прошири својата програма за финансирање со уште еден исклучително поволен ЕКО производ што дополнително ќе им помогне на македонските домаќинства, микро и мали претпријатија да ги намалат трошоците и потрошувачката на енергија и воедно да го намалат исфрлањето на јаглероден диоксид.

ЕКО кредитот е наменет за финансирање на проекти за подобрување на животните услови преку промена на топлинска изолација, врати и прозори, нови системи за греење т.е. замена на стари бојлери, соларно-термички системи за топла вода, спроведување на топлина преку нови електрични пумпи на системи за греење, внатрешен и надворешен систем за осветлување, поставување на соларни панели, како и конверзија на природен гас и други обновливите извори за користење на енергија.

- Со оваа нова кредитна линија ИК банка уште повеќе ќе го прошири својот широк спектар на кредитни производи и ќе ја надополни постојната Програма за енергетска ефикасност. Овие инвестиции самите ќе се отплатат преку заштедата на енергија и ќе и помогнат на Македонија да ги постигне енергетските цели. Го зголемивме кредитното портфолио за 38,4 проценти во 2010 и ќе продолжиме да даваме нови и софистицирани понуди на клиентите во сите сегменти - изјави Јуџел Инан, генералниот директор на ИК банка.

ЕКО кредитот ќе биде достапен за физички и за правни лица. Каматната стапка е определена на 7 отсто годишно за кредити чиј износ достигнува до 100.000 евра со рок на отплата до 84 месеци.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik